Најчести грешки што ги правиме со мократа коса

Најчести грешки што ги правиме со мократа коса

пред 3 години

Косата може да биде доста чувствителна, а откако ќе направиме одредени оштетувања за неа, понекогаш е голем предизвик да ја вратите во нормала. Боењето, обликувањето на косата со топли уреди, па дури и загадувањето во околината може негативно да влијае на косата.

Сепак, веројатно не ни помислувате на лошите навики што ги правите додека вашата коса е сè уште влажна. Постојат многу лоши навики кои фризерите често ги забележуваат дека многумина од нас ги практикуваат, а кои понекогаш не сме ни свесни за тоа. Ви ги пренесуваме петте најчести.

1. Ја чешлате додека е мокра

Косата е најчувствителна и најеластична кога е мокра, па затоа токму тогаш е најподложна на оштетување. Најдобро е да ја исушите косата пред да ја чешлате и да користите спреј за полесно чешлање. Користете што е можно понежни четки и чешли.

2. Ја врзувате во пунџа додека е мокра

Можеме да претпоставиме дека врзувањето на косата во пунџа додека е мокра е премногу грубо за косата бидејќи тензијата што ја создава пунџата предизвикува кршење. Ова обично се случува кога косата е влажна бидејќи тогаш е на врвот на еластичноста.

3. Спиете со мокра коса

„Никогаш не оди во кревет со мокра коса!“

Сигурно дека овие зборови од детството сè уште ви одекнуваат во глава, секогаш кога ќе легнете со мокра коса. Главната причина поради која фризерите не препорачуваат да спиете со мокра коса е тоа што ги зголемува шансите за кршење и развивање бактерии. Ако косата и скалпот не се исушат доволно брзо, микробите кои предизвикуваат првут може потенцијално да предизвикаат сувост и чешање на скалпот.

4. Ја сушите косата со погрешен пешкир

Сушењето на косата со обична памучна крпа може да ја оштети вашата коса и да создаде испукани врвови и кршење. Наместо тоа, користете крпа од микрофибер. Можете да користите и маичка, бидејќи го минимизира разлетувањето и ја апсорбира водата без грубо триење на косата низ крпа.

5. Ја сушите додека е премногу влажна

Пред да ја исушите косата со фен, погодно е таа да биде 50% помалку влажна. Така што вашата коса ќе биде помазна, посјајна, помалку склона кон кршење и полесна за обликување. Дополнително, неопходно е фенот да биде на најниска температура и со најмал притисок за да го намалите оштетувањето на косата при нејзиното сушење.

Share
Scroll to Top