Кај се почнува реченица со „Ах бре Господе“ во ова време: Обожавателите го искараа Џамбазов за фотката со Шербеџија

Не се почнува реченица со „Ах бре Господе“ во ова време: Обожавателите го искараа Џамбазов за фотката со Шербеџија

пред 3 години

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави фотографија со Раде Шербеџија и се сети на една од нивните средби во Скопје. „Ах бре Господе, зошто не ми даде, да бидам убав како чичко Раде“, напиша Игор, но фановите си помислиле дека нешто му се случило на хрватскиот глумец.

„Ме штрекна. Кај се почнува реченица со ‘Ах бе Господе’ во ова време“, стои во коментарите.

Но повеќето обожаватели на Игор му кажаа дека и тој е убав, и дека не треба да се споредува со Шербеџија.

„Не е сè до убавината, битен е и шармот, а шармантни сте и двајцата“, „Две живи легенди на едно место“, пишуваат на Инстаграм.

Актерите се сликани лани на „Златна бубамара“, кога Шербеџија ја доби специјалната интернационална награда за глума и музика. Тој потоа испеа неколку песни, а Влатко Стефановски му свиреше на гитара.

Share
Scroll to Top