Жалбениот суд во Белград му го укина притворот на професорот по глума, Мирослав Мики Алексиќ (69) и му одреди домашен притвор со електронски надзор. Мирослав беше обвинет за силување и вознемирување на неколку негови ученички во неговото школо.
Тој мина осум месеци во притвор во Централниот затвор во Белград, откако некои од неговите ученички, меѓу кои Милена Радуловиќ, Ива Илинчиќ и уште неколку девојки, го обвинија за сексуално вознемирување.
„Само да е жив и здрав, па се гледаме во судница“, му порача Ива преку медиуми на Алексиќ. Нејзината пријателка Милена не сакала да ја коментира одлуката на судот.
Според обвинението, Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две во продолжено трање и пет кривични дела сексуално вознемирување, од кои две точки се квалификувани во продолжено траење.