Нелегално е да купуваат шлаг помладите од 21 година во Њујорк

Нелегално е да купуваат шлаг помладите од 21 година во Њујорк

пред 2 години

Жителите на сојузната американска држава Њујорк што немаат наполнето 21 година од неодамна не може легално да купат шлаг.

dobivaj vesti na viber

Овој закон е изгласан во ноември минатата година, а има за цел да ги спречи тинејџерите да користат пакување за шлаг за инхалација на азотен оксид.

Овој гас има психоактивен ефект кога се вдишува. Според податоци од Администрацијата за борба против дроги, околу 1 во 5 млади луѓе користи гасови како азотен оксид од пакување за шлаг пред да тргнат во осмо одделение.Сенаторот на Њујорк, Џозеф Адабо, открил дека го спонзорирал законот откако добил жалби за многу празни канистри за шлаг на улиците.

„Азотниот оксид е легална хемиска состојка за користење од страна на професионалци, но кога не се користи правилно, може да биде екстремно опасна. За жал, младите луѓе го купуваат и вдишуваат овој гас бидејќи погрешно мислат дека е безбедна супстанца“, изјавил Адабо.

Share
Scroll to Top