Несовесни граѓани ги искршија новите тротинети во Скопје

Несовесни граѓани ги искршија новите тротинети во Скопје

пред 2 години





Дел од новите 500 електрични тротинети кои Скопјани од пред неколку дена можеа да ги изнајмувааат се уништени. На „Фејсбук“ се споделуваат фотографии од некои од нив кои несовесни граѓани ги фрлија во контејнер или им ги искршија екраните.

На социјалните мрежи веќе има остри реакции за ваквото однесување.

„Ние сме еден фин и мирољубив народ, освен во дадени моменти кога не сме такви. Не заслужуваме држава. Сакам да напишам и јас нешто за уништените тротинети, ама ако ми верувате, пишувам, бришам и пак пишувам веќе половина час. Дотолку имам чувство дека џабе е сѐ“, беа некои од нив.

 






Share
Scroll to Top