Нина девојчето со крофните од Нови Сад ја доби сликата од македонскиот илустратор Зоран Кардула

Нина девојчето со крофните од Нови Сад ја доби сликата од македонскиот илустратор Зоран Кардула

пред 1 година






Нина Нинковиќ од Нови Сад  која со продажба на крофни собираше пари за лекување на нејзиниот татко, ја доби сликата од македонски графички дизајнер и илустратор Зоран Кардула, кој на Твитер пред неколку дена објави плакат од единаесетгодишната Нина.

„Нина си ја доби сликата, благодарност до Александар прес фото ( @aleksandar.press.photo ) фотографот чија фотографија беше основа за овај постер, благодарност до @talicni_ns и Фондација @tate_novosadjani за целиот ангажман околу печатењето и организацијата и благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“, напиша Кардула.

Кардула во знак на благодарност за Нина и нејзината љубов и борбата да собере пари за лекување на нејзиниот татко, го направи плакатот „Нина девојчето со крофните“.






Share
Scroll to Top