Шестата сезона од хит-серијата „Преспав“ ќе почне да се прикажува на 20 декемврим секој работен ден, од понеделник до петок, на МТВ 1, со почеток од 20.15 часот, објавија продуцентите на серијата.
Тие претходно ги претставија актерите во новата сезона со штосни фризури и поинакви стајлинзи. Па, така, Талат ќе има нова униформа, а братучетките Јелена и Натали ќе се појават со слични фризури.
Новата сезона ќе содржи 20 епизоди.
Пред почетокот на снимањето на шестата сезона од „ОХО продукција“ и од МТВ соопштија дека пожарот, наместо да го пеплоса „Преспав“, ќе донесе многу хумор и изненадувања со актерите.
„Преспав“ не што е најгледана домашна серија кај нас, туку таа ја освои и бугарската публика. Продуцентот на „ОХО продукција“, Пеце Талески, откри дека и таму е една од најгледаните серии.
„’Преспав’ е меѓу најгледаните серии во Бугарија. На приказната работат македонски сценаристи и двајца одлични пишувачи од Бугарија, кои се реномирани и во европски рамки, а од оваа сезона ќе ни се приклучат и двајца сценаристи од Србија“, рече Талески во разговорот за „Утрински брифинг“ и додаде дека сценариото за новата сезона е најдобро до сега.
„Преспав“ ја освои Бугарија и е меѓу најгледаните серии таму, откри продуцентот Пеце Талески