Во Србија има нов тренд. Сите помлади девојки на инсистирање на родителите одат на пластична хирургија и естетски зафати, велат експертите од оваа област на медицината. Некои мајки и татковци веруваат дека нивните деца не се доволно убави и ги принудуваат да се променат.
Д-р Ненад Степиќ, претседател на Српското здружение за пластична, реконструктивна и естетска хирургија во интервју зборуа за овој нов тренд во Србија.
„Морам да признаам дека трендот е дека многу млади девојки одат кон естетски корекции. Без разлика дали се работи за привремени или поголеми зафати, тие доаѓаат во голем број“, вели докторот.
Потенцијалната причина поради кои родителите ги праќаат децата на естетска хирургија е надополнување на недостатокот од внимание кое треба да го имаат децата од родителите.
„Естетската корекција повеќе не е табу тема. Денеска станува збор за престиж. Мислам дека родителите поради брзиот начин на живот се помалку време им посветуваат на своите деца. Трката на родители да обезбедат пари за своето семејство, им остава малку простор на децата. Овој недостаток на време го надоместуваат со подароци, во случајов естетски корекции. Девојките денес горе-долу личат една на друга, а интервенциите што ги правам се речиси исти, ботокс, зголемување на градите, итн“, вели тој, додавајќи дека неговиот најмлад пациент имал 18 години.
Тој вели дека денеска децата се предмет на трендови. најчесто тоа се девојчиња на 15 или 16 години.