Нова студија го откри редоследот на симптомите на зараза со коронавирусот

Нова студија го откри редоследот на симптомите на зараза со коронавирусот

пред 5 години

Според студија спроведена од истражувачи на Универзитетот во Јужна Калифорнија, откриено е по кој редослед се појавуваат симптомите на заразени со коронавирусот SARS-CoV-2.

Првин кај пациентот се јавува температура, па кашлица и болка во мускулите, потоа мачнина или повраќање, па пролив.

„Студијата откри дека кај пациентите кои имале грип почесто се појавувала кашлица пред температура. Во реалноста тоа е потешко да се препознае бидејќи грипот често нагло почнува со три симптоми, вклучувајќи болка во грбот, грозница и сува кашлица“, вели д-р Роберт Глатер, лекар во болницата Ленкос Хил, Њујорк.

Глатер додава дека наодите можат да бидат корисни при процена на наплив на повеќе пациенти.

Според студијата, грипот започнува со кашлица, а кај COVID-19 прв симптом е температурата.

Share
Scroll to Top