Новата песна на Владо Јаневски премиерно на „Бубамара радио“

Новата песна на Владо Јаневски премиерно на „Бубамара радио“

пред 5 години

Владо Јаневски сними нова песна „Ненормален“, која премиерно ќе се емитува утре на „Бубамара радио“. Аранжманот е на Никша Братош и Валентино Скендеровски, а Владо сними и спот на релација Скопје-Загреб.

Во спотот може да се види и слушне препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо, но со нов, модерен призвук. Со песната тој го најави и новиот албум кој ќе биде промовиран следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.

 

Share
Scroll to Top