Нора не сака да каже дали ќе го поддржи Бени за градоначалник

Нора не сака да каже дали ќе го поддржи Бени за градоначалник

пред 3 години

Откако рок-музичарот Бени Шаќири се кандидираше за градоначалник на Скопје, редакцијата на „Репортер“ ја контактираше неговата сестра, в.д директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири за изјава. Нора не сакаше да одговори дали ќе го поддржи нејзиниот брат за градоначалник на изборите што ќе се одржат во октомври.

Познатиот музичар за градоначалник го кандидираа партиите ДОМ и ЛДП преку движењето „Одлучно за промени“.

Бени ја почна музичката кариера како соло-изведувач, а потоа со гитаристот и композитор Дарко Тасев ја формираа групата „Нон стоп“. Тие снимија албум и освоија награди на неколку фестивали во Македонија. Откако Дарко да си замина од групата, Бени продолжи да настапува со бендот под исто име, но со други музичари.

Шаќири е во брак со адвокатката Лиса, со која има две деца.

 

Share
Scroll to Top