Глумицата Кетрин Кејтс, која се прослави со улогите во сериите „Сајнфелд“ и „Портокаловата е новото црно“, почина на 73 години по долга битка со рак на белите дробови.
„По долга и тешка битка со ракот на белите дробови, Катрин почина. Беше неверојатно храбра, мудра и полна со љубов кон луѓето околу неа“, објави „Дејли мејл“.
Пријателите на актерката велат дека и покрај болеста, таа никогаш не се пожалила и одела на снимање речиси до последниот ден.
Таа глумеше и во филмот „Сите светци на мафијата“, и во сериите „Пријатели од колеџ“, „Нијанси сина“ и „Закон и ред“. Беше и една од основачите на театарот „Колони“ во Бурбенк, Калифорнија.