Почина Кит Левен, еден од основачите на култните британски рок групи „Клеш“ и „Паблик Имиџ“, пренесе „Гардијан“. Кит почина на 65 години рак на црниот дроб, во својот дом во англиската грофовија Норфлок.
Левен остави трајно влијание врз британската рок-музика. Гитаристот, заедно со Мик Џонсон, ги основаа „Клеш“ на 18-годишна возраст, но постигна голем успех со „Паблик имиџ“, кои беа формирани по распадот на панк-рок бендот „Секс пистолс“.
Нивниот прв албум Public Image: First Issue се искачи до 22. место на топ-листите во 1978 година. Му претходеше класичниот сингл Public Image кој се проби меѓу Топ 10. Нивниот втор албум Metal Box од 1979 година се смета за пост-панк класика.