Од СЗО открија неочекувани симптоми кај новиот сој на вирус омикрон

Од СЗО открија неочекувани симптоми кај новиот сој на вирус омикрон

пред 3 години

Од Светската здравствена организација рекоа дека откриле неочекувани симптоми на новиот сој на вирус, омикрон. Како што велат, информациите кои досега ги добиле за него, нема причина да ја загрижуваат јавноста. Сè уште малку се знае за овој сој и ќе бидат потребни недели за да се откријат и дознаат нови работи, но, според информациите кои доаѓаат од Јужна Африка, каде што се појави истиот, овој сој предизвикува полесни, до средно тешки облици на заболување.

Претставниците на СЗО за „Ројтерс“ рекоа дека повеќето заболени од овој сој немаат тешка клиничка слика, но, тоа не значи дека тоа не може да се случи во иднина.

„Кога станува збор за сериозноста, ги видовме извештаите кои покажуваат дека омикрон предизвикува благи до потешки облици на болести. Постојат некои индикации дека симптомите се благи кај голем број пациенти, но, тие се уште се во рана фаза од заболувањето. Поминаа само неколку дена. Ние ја следиме ситуацијата, а вистината е дека е зголемен бројот на хоспитализирани во Јужна Африка, но, повторно ќе кажеме, тоа може да биде поради фактот што е зголемен и бројот на заболени. Ако имате повеќе заболени, повеќе ќе бидат и хоспитализирани“, рече советничката во СЗО, доктор Марија Ван Керхове.

Докторка од Боцвана, една од првите земји во која е потврден овој вирус, вели дека 16 од 19 заразени немаат симптоми, а другите 3 имаат многу благи симптоми. Исто така, лекарите таму тврдат дека сите заразени до омикрон, веќе оздравеле.

Постојана кашлица, висока температура, губењето на сетилата за вкул или мирис се дел од симптомите кај овој вирис. Но, според она што досега е позната, омикрон најверојатно предизвикува и друг тип на симптоми.

Доктор Анџелик Кеце, докторка која прва ги пријавила чудните симптоми кај заболените во Јужна Африка откако е откриен новиот сој, навела три заеднички работи. Замор, болки во мускулите и телото и главоболка.

Таа рече дека за разлика од заразените со делта сојот, никој од заразените со омикрон, не пријавил губиток на сетилата за вкус и мирис.

Сепак ќе мора да мине некое време за да се дознае повеќе за симптомите кои укажуваат на омикрон. Кога станува збор зошто новиот сој и понатаму дава поблаги симптоми, експертите сметаат дека причината за тоа е можни тоа што голем број од нив се вакцинирани, па вакцината го слабее вирусот, а другата причина е тоа што заразените воглавно се млади лица.

Така, една од можните теории е дека мутациите всушност го ослабеле вирусот.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top