Судот во Вирџинија во средата го одби барањето на Амбер Херд за понишување на судењето во нејзнината правна борба со бившиот, Џони Деп. Нејзината жалба е одбиена затоа што не била поткрпена со легитимни причини.
Адвокатите на Деп изјавија дека нема легитимна основа за жалбата на Амбер за да може да започне нова судска постапка во повеќемилионскиот случај за клевета.
Адвокатите на Херд побараа повторно судење по тврдењата за несоодветна услуга на поротникот, велејќи дека исходот не бил поддржан од доказите презентирани за време на шестнеделното судење во Ферфакс, Вирџинија, но на крајот тоа барање било одбиено.
За потсетување, Деп ја тужеше Амбер поради текст од 2018 година, кој таа го напишала за „Вашингтон пост“. Таа во текстот ги опишала нејзините искуства, тврдејќи дека како жена претрпела семејно злоставување. Адвокатите на Деп рекоа дека глумецот во текстот е лажно обвинет дека е злоставувач.
Судот во Вирџинија иако ја одби нејзината жалба, нагласи дека Херд и понатаму може да се жали на пресудата.