Одложени концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гог, наместо во Охрид ќе бидат во Скопје

Одложени концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гог, наместо во Охрид ќе бидат во Скопје

пред 3 години

Концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гон кои требаше да се одржат викендов во Охрид и Битола, се одложени за наесен и истите ќе бидат во Скопје. Од Авалон кои се организатори велат дека одлуката ја донеле заедно со менаџментот и изведувачите.

Од таму објаснуваат дека одлуката ја донеле поради големиот број концерти кои периодов се закажни за во Охрид и Битола и малиот број на настани во Скопје.

„Концертната сезона 2021 ќе биде запаметена по нереално многу случувања во само две недели, што придонесува одредени промени да се случуваат во од. Па така, Авалон Продукција во договор со менаџментот на изведувачите одлучи следните проекти, концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гог во Охрид и во Битола наместо овој викенд, да ги префрли во Скопје, за доцна есен.

Причината за оваа одлука е неверојатната хиперпродукција на концерти во Охрид и во Битола од една страна досега незапамтена, дури и по неколку во исти денови и апсолутно немање на никакви концертни настани во главниот град. Се гледаме наскоро во Скопје“, велат од Авалон.

Сите што имаат влезници за концертите, ќе можат да си ги вратат парите од местата од каде што ги набавиле, а, оние што имаат купено онлајн ќе може да добијат поврат на средства со претходно барање на [email protected]

Останатите што имаат купено влезници од официјалните продажни места на Авалон од Плоштадот во Охрид и од Широк Сокак во Битола, потребно е да испратат барање за поврат на средства на [email protected]


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top