Шпанскиот паравелосипедист Рикардо Тен Аргилес, кој по петти пат ја освои титулата светски шампион во Глазгов, за награда доби вреден рачен часовник.
На Рикардо му се ампутирани двата горни екстремитети и нема да може да ја носи наградата, но рече дека е среќен за наградата и со насмевка им позираше на фоторепортерите.
Го исплази и јазикот за да покаже дека не е навреден од наградата пренесоа медиумите.