Парчиња вселенски отпад прават нови кратери на Месечината

Парчиња вселенски отпад прават нови кратери на Месечината

пред 2 години

Парче вселенски отпад кое удри во темната страна на Месечината лани на 4 март, се распарчи на стотина парчиња и создаде нов кратер, откри НАСА.

Од НАСА велат дека за неговото постоење се знае бидејќи проучувачите на вселената прецизно го следеле залутаниот ракетен мотор за да ја предвидат неговата крајна дестинација, кратерот Херцшпрунг. Но, каде точно овој вселенски отпад удрил во лузната широка 570 километри, не дознале веднаш.

Околу месечината орбитираат неколку вселенски летала, па едно од нив неодамна успеало да ја пронајде новата вдлабнатина, која се проценува дека е широка помеѓу 5 и 30 метри.

По ова, експертите велат дека постои потреба подобро да се следат објектите во длабоката вселена и да се донесат прописи за одлагање на искористените делови од ракетите.

„Во одреден момент во иднина ваков настан нема да биде само чудна работа за набљудување. оа ќе биде нешто за што луѓето во орбитата на Месечината или на површината на Месечината навистина ќе бидат загрижени“, вели вселенскиот археолог Алис Горман од австралискиот универзитет Флиндерс.

Share
Scroll to Top