Патна аптека: лекови кои мора да ги понесете на патување

Патна аптека: лекови кои мора да ги понесете на патување

пред 3 години

„Патната аптека“ претставува збир на лекови и медицински средства кои треба постојано да ги имате  во својата патничка торба. Ви доставуваме список на сите најнужни лекови.

Се ближи долгоочекуваниот годишен одмор. Сите се радуваме на патувањата, подготуваме разни активности и планираме подолг престој во природа. „Патната аптека“ полна со лекови и лековити средства треба да се најде во вашиот кофер.

Летните радости, но и промената на местото на престој понекогаш може да доведе до помали незгоди и здравствени тегоби. Повеќето места во кои патувате имаат аптека, но за да избегнете непријатни ситуации – најдобро е патната аптека да биде неизоставен дел од вашиот багаж.

Tаа треба да содржи:

  • лек против дијареа и стомачни проблеми –  ПРОБИОТИК за деца и возрасни;
  • за заштита од сонце и нега после сончање;
  • против алергии, изгореници, после убод од инсекти;
  • за намалување температура, топломер, за ублажување разни видови болка и против настинка (септолете, спреј за нос);
  • за нега на помали повреди на кожата (антисептичко средство, газа, фластер и завој);
  • против комарци и инсекти.

Со помош на аптекар, а во склад со своите потреби, може да направите сопствена „патна аптека“.

Не ги заборавајте здравствената книшка и здравственото осигурување.

Share
Scroll to Top