Патник сакал да ја отвори вратата во авион за време на лет

Патник сакал да ја отвори вратата во авион за време на лет

пред 2 години

Франсиско Северо Торес е уапсен и обвинет затоа што се обидел да ја отвори вратата за итни случаи во авионот на Јунајтед ерлајнс додека летал од Лос Анџелес за Бостон, пренесе „Би-би-си“. Потоа ја нападнал и стјуардесата со скршена чаша, па е уапсен на меѓународниот аеродром во Бостон.

Авионот требало да слета за помалку од еден час кога екипажот во пилотската кабина го видела знакот за предупредување дека вратата е деактивирана. Откако ја замолиле стјуардесата да провери, забележала дека клизачот за итни случаи бил деактивиран.

Брзо се посомневале дека Торес ја поместил кваката, затоа што претходно го виделе како се шета во близина. По инцидентот со стјуардесата, пилотите утврдиле дека патникот претставува закана за леталото и капетанот наредил да слетаат што е можно побрзо.

Брзо потоа Торес станал од седиштето и нападнал една од стјуардесите со скршена метална часа удирајќи ја трипати во вратот. Според „Би-би-си“, на полицијата ѝ рекол дека се плашел стјуардесата да не го убие.

Министерството за правда соопшти дека за киднапирање и обид за киднапирање на членовите на екипажот на авионот и употреба на опасно оружје, е предвидена казна затвор од пет години условно и парична казна до 250.000 долари до доживотна робија.

 

Share
Scroll to Top