Петар Грашо и Јелена Розга поголеми ѕвезди од Северина во Хрватска според продадени билети за концерти

Петар Грашо и Јелена Розга поголеми ѕвезди од Северина во Хрватска според продадени билети за концерти

пред 2 години

Петар Грашо, Јелена Розга, Дорис Драговиќ, Масимо Савиќ и „2 челос“ се најслушаните музичари со најмногу продадени билети во Хрватска во 2022 година, објавија ХДС ЗАМП – професионална служба за заштита на авторските права на музиката (ЗАМП) и Хрватското друштво на композиторите (ХДС) – здружение на граѓани (автори, композитори, текстописци).

Музичарите, поради пандемијата, две години не настапуваа и не одржуваа концерти. Дури во 2022 година, конечно, се вратија на сцената и ги закажуваа настапите во регионот.

Музичари од Хрватска со најмногу продадени билети во 2022 година се:

1. Петар Грашо
2. Далматино
3. Парни ваљак
4. Јелена Розга
5. Дорис Драговиќ
6. Хладно пиво
7. Масимо Савиќ
8. 2 челос
9. Марко Перковиќ-Томпсон
10. Жељко Бебек
11. Томислав Бралиќ & Клапа интраде
12. Матија Цвек
13. Силенте
14. Северина
15. Урбан & 4

Инаку, на 26 јануари на Петар Грашо му беше доделена наградата „Цесарица“ за бестселер 2022 година.

Најслушани регионални музичари со најмногу продадени билети во Хрватска во 2022 година се Саша Матиќ, Дино Мерлин, Халид Бешлиќ, Здравко Чолиќ и Жељко Јоксимовиќ.

Share
Scroll to Top