Петранка Костадинова загина откако ја сними последната песна: 20 години од смртта на доајенот на македонската народна музика

Петранка Костадинова загина откако ја сними последната песна: 20 години од смртта на доајенот на македонската народна музика

пред 3 години

Петранка Костадинова, една од најдобрите изведувачки на стари народни песни на сите времиња, загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, во приквечерината на 3. февруари 2002 година. Пред несреќата, била во МРТВ да направи студиска снимка на песната којашто требаше да ја изведе на престојниот фестивал „Гоце Фест“, која воедно е и нејзината последна снимена песна.

Костадинова важеше за доајен на македонската народна музика, а во текот на нејзината 35-годишна долга кариера. Таа во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни песни. Нејзина најпозната песна беше “Кирјана”, но често ја поврзуваа и со нејзината интерпретација на “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај” итн.

Учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна во Македонија, од кои најпознати песни се: „Леонид со мајка вечера”, „Мајсторе, мајсторе”, „Две калинки”, „Слушни ја сестро песната”, „Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев – „Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ – „Една куќа, две жени”. Многу од нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а.

Речиси сиот свој живот Костадинова беше слободен уметник, иако кон крајот на својот живот беше членка на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“. Зад себе ги остави сопругот и двете деца.

Share
Scroll to Top