Состојки:
- ким
- пимент (познат како јамајски бибер)
- сол
- бибер
- лук во прав
- пилешко месо
- маслиново масло
- кромид сечен на коцки
- сечкан лук
- вода
- ориз
- лимон
- бадеми
- суво грозје
Подготовка:
Измешајте ги зачините, кимот, пиментот, солта, биберот и лукот во прав и со нив премачкајте го пилешкото месо. На загреано масло испржете ги лукот и кромидот, па додајте го оризот да зарумени една минута.
Дното на садот за печење премачкајте го со маслиново масло. Ставете ја смесата од кромид, лук и ориз и додадете го пилешкото месо. Сипете вода и покријте го сето ова и оставете го да се пече додека оризот не биде готов.
Во медитеранскиот ручек додадете бадеми и суво грозје и по желба пилешкото посипете го со сок од лимон.