Писмо на кралицата е продадено на аукција за 8500 евра

Писмо на кралицата е продадено на аукција за 8500 евра

пред 1 година

Писмото на кралицата Елизабета Втора е продадено на аукција за 8500 евра. Продадено беше на аукција која ја организираше австриската куќа Eppli. Писмото го купила анонимна личност, а наводно станува збор за германската јавачка Ета Плеш, родена како Марија Графин вон Вурмбранд-Ступач.

dobivaj vesti na viber

Нејзините коњи двапати победија на познатата трка „Епсом Дерби“ во Англија, а на кралицата ѝ има подарено и слика од коњ која ја поставила во нејзиниот дворец во Сандрингем.

Кралицата во писмото открива што мисли за одгледувањето на коњот. Можеби трпението е најважна карактеристика за тоа, со мала среќа, пишува Кралицата.

Фердинанд Бенедикт од аукциската куќа рече дека многу колекционери се интересираат за вакви работи и дка почетната цена за писмото било 2600 евра.

„има ентузијасти кои бараат поштенски пратки со интересна историја или од истакнати испраќачи, а има и обожаватели на британското кралско семејство“, рече Бенедикт.

За потсетување, кралицата почина пред неколку месеци на 96 години. Низ годините има напишано голем број писма, а тоа и било вообичаен начин на комуницирање како дел од протокол. Повеќето од нив биле деловни, но имало и лични. Во нив открила детали од нејзиниот живот, па затоа се многу барани на аукциите низ светот.

Освен кралското писмо, на аукцијата било понудено и писмо од Бакингемската палата од канцеларијата на принцезата Дајана, потоа уметнички дела, мебел и други предмети кои и припаѓале на кралицата, пренесе Daily Sabah.

Share
Scroll to Top