Пиштолот со кој Болдвин ја уби снимателката останал на сетот уште од снимањето на претходниот филм

Пиштолот со кој Болдвин ја уби снимателката останал на сетот уште од снимањето на претходниот филм

пред 3 години

Глумецот Алек Болдвин во уште неразјаснети околности случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс. Деталите од истрагата почнуваат полека да излегуваат на површина, а со новиот налог за претрес полицијата откри дека пиштолот реквизит, со кој Болдвин ја застрела Хачинс, останал таму уште од снимањето на претходниот филм.

Тој пиштол не требало да биде дел од оружјето на сетот на филмот „’Рѓа“. Истражителите добиле налог за претрес од продавницата за оружје PDQ Arm & Prop, LLC, од каде што било набавено оружјето, а наводно човекот со име Били Реј бил тој што го испорачал.

Човекот со име Сет Кени го предал оружјето на оружарниците на сетот и вели дека во некои од пиштолите можело да има куршуми. Кени наводно донел на сетот пакет со вистински куршуми во  калибар 45 и тие биле за случај ако снемало ќор-фишеци и гумени куршуми.

Како што тврди помошничката на главната оружарка, Хана Гутиерез Рид, таа го наполнила пиштолот, но не го проверила пред да почне снимањето. По пукањето, Хана наводно сакала да ги спореди куршумите и некои од нив не светкале, што значи дека не биле вистински.

Но, подоцна забележала дека некои засветкале, па рекла дека можно е да биле помешани. Вистинските куршуми можеле да бидат испорачани од продавница за оружје, со која продукцијата соработувала од претходното снимање.

Истражителите сега имаат можност да ја проверат продавницата за оружје и да ги прегледаат безбедносните снимки за да утврдат како оружјето стингало на сетот.

Share
Scroll to Top