Американската водителка Меган Греј, која на гледачите им е позната по нејзината емисија „Добро утро Мисисипи“, заработила отказ затоа што одбила да се вакцинира.
„Сакам да ги известам сите дека искрено не знам каква иднина ќе ме чека што се однесува до мојата кариера на WLOX-u. Само почувствував потреба да ја искористам оваа можност и да ви кажам колку сум благодарна што ме гледавте во сите овие изминати години“, рече Меган во емисијата, а пренесе „Дејли Мејл“.
WLOX е виртуелен телевизиски канал, во сопственост на „Греј“ телевизијата. Меган во неа работела 18 години, од кои 14 ја водела утринската програма. Таа во емисијата не објаснила зошто добила отказ, но, затоа напишала на „Фејсбук“.
„Татко ми секогаш ме учеше дека интегритетот е вистинската работа и кога никој не гледа. Секогаш живеев по тоа правила, но во овој случај многу луѓе ме гледаат. Затоа се чувствувам присилено да ја кажам вистината и да објаснам зошто повеќе нема да ме гледате на WLOX-u. Јас не сум вакцинирана и повеќе не ги исполнувам барањата за вработувањето во „Греј“ телевизија, односно на некоја од нивната станица“, напишала Меган.
Таа вели дека и покрај нејзината одлука и понатаму ќе ги почитува одлуките на поединците да се вакцинираат и дека таа веќе го прележала коронавирусот.
„За жал, поради мојата одлука да не се вакцинирам, сега се соочив со отказ. Одлуката беше тешка и знаев дека ќе влијае на мене и на моето семејство. Верувајте се обидов да направам сè што е во моја моќ за да ја задржам работата, вклучувајќи ја и понудата да се тестирам секој викенд. Моите барања беа одбиени“, рече таа.
„Болно е да се каже збогум, боли разделбата под овие услови. Но, во душата знам дека тоа е вистинската одлука за мене и моето семејство. Можеби ја изгубив работата, но, го сочував интегритетот“, рече Меган.