По 20 години музичка кариера, Јоце Панов е првиот со кој Дарко Филиповиќ сними спот

По 20 години музичка кариера, Јоце Панов е првиот со кој Дарко Филиповиќ сними спот

пред 7 месеци

По 20 години музичка кариера, Јоце Панов е првиот со кој Дарко Филиповиќ сними спот. Јоце Панов и Дарко Филиповиќ ја снимија дуетската нумера “Lice u lice”.

Музиката и текстот ги напиша Блаже Темелков, додека аранжманот е на Алек Алексов. Песната е снимена во студиото на Алексов во Белград.

Облечени во костими, во борба за онаа која своите години ги чува за едниот или сепак за другиот, како што вели текстот на оваа песна, овие двајца момци потсетуваат на сцените од серијата “Peaky Blinders”.

Лице в лице, со опасни погледи, Дарко и Јоце се соочуваат, а за кого таа ќе се одлучи ни останува да видиме.

На покер маса во едно гламурозно кабаре во Нови Сад, атрактивна девојка ги заведува овие двајца момци.

“Ова е соработка на која сум многу горд. Секојдневните снимања, настапите низ целиот регион и честите патувања си го направија своето, па овој проект не чекаше мене и Дарко неколку години, но еве конечно Лице в Лице е објавена. Промоцијата на спотот ќе биде наскоро, па ќе видите кој победи во борбата.”- изјави Јоце Панов.

Share
Scroll to Top