По 27 години, Џеф Безос се повлекува од директорската позиција во „Амазон“

По 27 години, Џеф Безос се повлекува од директорската позиција во „Амазон“

пред 3 години

По 27 години најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ќе се повлече од директорската позиција во „Амазон“. Тој утре ќе ја напушти функцијата генерален директор за онлајн трговија и ќе се посвети на својата вселенска компанија „Блу Орџин“, пишува „Раша Тудеј“.

Безос, кој се наоѓа на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати во светот, повлекувањето го најави уште во февруари на почетокот на оваа година. Неговото богатство се проценува на 189 милијарди долари.

Компанијата „Амазон“ уште во деведесетите години работи како онлајн продавница, а во последните две децении израсна во една од највредните компании во светот. Нејзината вредност е проценета на 1,7 билиони долари.

Безос планира да го задржи акции во вредност од 10.3% во компанијата, како и местото на извршен претседател во управниот одбор. Местото главен извршен директор ќе ги превземе Ендиј Џесиј, кој во компанијата дојде во 1997 година.

Во меѓувреме, Безос планира да им се приклучи на екипажот на вселенскиот брод „Њу Шепард“, на неговата вселенска компанија. Тој ќе се приклучи на првиот патнички лет во вселената, кој е закажан за 20 јули, на годишнината на слетувањето на Аполон 11 на Месечината во 1969 година.

Share
Scroll to Top