По една година брак Памела Андерсон се разведува од петтиот сопруг

По една година брак Памела Андерсон се разведува од петтиот сопруг

пред 3 години

Поранешната плејбој зајачица, Памела Андерсон по една година се разведува од нејзиниот сопруг Ден Хејхерст. Тоа е петти брак на глумицата. Тие се венчаа на Бадник 2020 година, откако го поминаа заедно карантинот во Канада. Ден ѝ беше телохранител на Памела две години пред да почнат врска.

Извор близок до парот го опиша нивниот брак како „пандемиска измама“. Нивниот брак беше проследена со драма од самиот почеток, кога поранешната партнерка на Хејхерст, Кери, ја обвини Памела дека им ја уништила врската.

„Сакам луѓето да знаат дека петгодишната врска, во која имавме три деца, е прекината поради аферата на Памела и Ден“, изјави Кери по нивниот брак.

Ден беше петти маж на Памела. Таа претходно беше мажена со продуцентот Џон Петерс, и со него беше во брак само 12 дена. Памела беше мажена и за тапанарот Томи Ли, пејачот Кид Рок и прдуцентот Рок Соломон.

Share
Scroll to Top