По убиството на познатата инфлуенсрека во САД сега и нејзиниот свршеник е пронајден мртов

По убиството на познатата инфлуенсрека во САД сега и нејзиниот свршеник е пронајден мртов

пред 2 години

Полицијата се уште не може да го расчисти случајот со трагичната смрт на познатата инфлуенсерка во САД, Габи Петито. Случајот станал уште помистериозен откако човкот за кого тие мислеле дека е нејзиниот убиец, нејзиниот свршеник Брајан Лондри, бил најден мртов.

Габи последните месец дена од својот живот ги минала со Брајан. Двајцата заминале заедно на патување низ Америка. Полицијата прво го сомничела Брајан, затоа што кога нашле нејзиното тело, на него му се губи секаква трага. По месец дена и него го нашле мртов.

Габи и Брајан имале во план да ги посетат сите национални паркови низ земјата. Таа сакале да се пробие како патнички инфлуенсер и внимателно на социјалните мрежи ги бележала сите паркови кои ги посетиле. Од последните нивни фотографии полицијата не можела да открие ништо сомнително. Велат дека на нив двајцата изгледале заљубени и уживале во заедничка авантура.

Но, последната снимка која ја направила Габи би можела да биде клучниот доказ во целиот случај. Полицијата ја објавила откако било пријавено нејзиното исчезнување. На неа Габи плаче, а полицијата вели дека и претходно морала да интервенира затоа што добила повик за физичка пресметка со Брајан.

Полицијата се сомнева дека Габи била под голем стрес и дека се обидела да избега, а до туркање дошло кога Брајан се обидел да и го земе мобилниот телефон.

Нејзините објави на социјалните мрежи прекинале кога таа престанала да и се јавува на мајка ѝ, нешто што до тој момент редовно го правела. Со мајка ѝ последен пат се слушнала на 25 август, откако објавила неколку фотографии на Инстаграм.

Потоа испливале и неколку приказни од сведоци кои наводно го виделе Брајан како се расправа со човек од персоналот во еден од рестораните каде јаделе. Потоа ја виделе Габи како му се извинува на човекот за однесувањето на нејзиниот свршеник.

Нејзиното семејство вели дека добивало пораки од нејзиниот мобилен, но, не се сигурни кои им ги испраќал. Последната ја добиле на 30 август, а во неа пишува дека Габи била во националниот парк Јосемит и дека таму немала сигнал.

Два дена подоцна Брајан сам се вратил дома со комбето во кое патувале двајцата, но, не сакал да открие ништо за неа. Нејзината мајка ја пријавила за исчезната на 11 септември, а само неколку дена подоцна прв кој и бил сомничен на полицијата, бил Брајант.

Два дена подоцна неговите родители пријавиле дека и тој исчезнал, а на совет од нивните адвокати одбиле да коментираат за случајот. Полицијата го запленила комбето со кое тие патувале и хард дискот од нивниот лап топ и семејната кола.

Десет дена откако родителите на Брајант пријавиле дека исчезнал, полицијата го пронашла и неговото тело. Аутопсијата која била направена врз Габи, покажала дека таа била задавена три или четири недели пред да биде пронајдена.

Голем број луѓе, меѓу кои и семејството на Габи, се сомневаат дека Брајант има врска со нејзиното исчезнување. Тој никогаш не се појави во полиција да ја разјасни ситуацијата ниту пак контактирал со нејзиното семејство.

Последната надеж дека ќе се појави и ќе помогне во разрешување на случајот бил 20 октомври, кога полицијата го нашла неговото тело кај еден природен резерват на Флорида, дел кој до неодамна бил покриен со вода.

Покрај него биле најдени некои негови работи, меѓу кои и дневникот за кој полицијата се надева дека ќе успее да го исуши и да го прочита. Причината засега не е позната, а телото било идентификувано со помош на отпечаток од забите.

Семејството на Габи не крие дека Брајант е виновен за смртта на нивната ќерка и тврдат дека тој не исчезнал туку дека се криел од полицијата.

„Тишината многу говори“, рече мајката на Габи, пред да дознае за смртта на Брајанбт и додала дека неговите родители сигурно знаат многу повеќе од тоа што го имаат кажано во јавност.

„Убедена сум дека знаат многу повеќе. Би сакала да се видам со нив лице во лице и да ги прашам зошто не сакаат да ни ја кажат вистината. Тој е кукавица. Не мислам дека е лудат. Се врати дома, се криеше, ја користеше нејзината кредитна картичка. Тоа не се постапки на луди лица“, рече мајката на Габи, додека нејзиниот сопруг Џин додал дека сè што сакал било одмазда и правда.

Share
Scroll to Top