Победниците на Евровизија, Калуш оркестра, ќе тргнат на турнеја низ Европа за да соберат пари за војската и добротворните организации во Украина. Пејачот Олег Псјук изјави дека бендот наскоро ќе објави на Инстаграм во кои градови ќе се одржи турнејата.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Откако победија на Евросонг, Олег Псјук изјави и дека оди директно во војна. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.
Оркестарот Калуш победи со песната „Стефанија“. Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување.