Познатата турска глумица Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“ загина во катастрофалниот земјотрес во Турција. Таа загина во градот Адана, а покрај неа е пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде.
Веста за смртта на актерката ја потврдија од продуцентската куќа „Тимс&Б“.
„Изразуваме сочувство до семејствата и блиските на Емел Атичи, позната актерка од нашата ТВ-серија ‘Си беше еднаш одамна’, до нејзината сакана ќерка која загина во земјотресот, но и до сите граѓани кои загубија блиски во катастрофата“, напишаа од продукцијата.
Bir Zamanlar Çukurova dizimizin değerli oyuncusu Emel Atıcı ve sevgili kızına, depremde hayatını kaybeden tüm vatandaşlarımıza Allah’tan rahmet, ailelerine ve sevenlerine başsağlığı diliyoruz… pic.twitter.com/ArbNUFSjKN
— TIMS&B Productions (@timsandb) February 10, 2023
Бројни колеги преку социјалните мрежи се збогуваат со глумицата.
Во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија засега е потврдено дека загинале околу 28.000 лица, но според ООН тој број до крајот би можел да биде двојно поголем.