Британското кралско семејство е во центарот на нов скандал, овој пат поврзан со принцот Чарлс, поточно со неговата добротворна фондација, пишува „Би-би-си“. Британската полиција почнала да го истражува случајот по тврдењата дека фоданцијата добила сомнителна помош од државјани на Саудиска Арабија.
Од полицијата велат дека истрагата за наводните казнени дела следела по добиеното писмо од септември 2021 година. Велат и дека засега немало ниту еден уапсен, ниту пак биле направени некакви испрашувања.
„Одлуката следеше откако проучивме медиумски извештаи од септември 2021 година во кои е наведено дека е понудена помш за да се обезбедат почести и државјанства на саудиски државјани“, стои во соопштението на „Скотланд Јард“.
Од фондацијата на принцот велат дека е непримерно да се коментира истрагата која е сè уште во тек, но велат дека е доставена целата документација.
„Овие документи се разгледани со сите информации со кои располага полицијата. Направена е проценка и е утврдено дека треба да биде покрената истрага“, дознава „Би-Би-Си“.
Наводно целата работа започнала од едно писмо напишано во септември 2021 година, кое, како што велат од полицијата го напишал поранешниот собар на принцот Чарлс, Мајкл Фосет. Набрзо потоа, Мајкл се повлекол од местото главен извршен директор на фондацијата.
Инаку принцот од Велс е претседател на фондацијата, но, не е вклучен во нејзиното управување.