Посвета на Леди Ди: И принцезата Дијана ја објави втората бременост на Валентајн, исто како Хари и Меган

Посвета на Леди Ди: И принцезата Дијана ја објави втората бременост на Валентајн, исто како Хари и Меган

пред 4 години

 

Хари и Меган не случајно го избраа Денот на вљубените за да објават дека го чекаат второто дете. Точно 37 години порано на Валентајн , Бакингамската палата официјално потврди дека принцезата Дијана е бремена по вторпат, а на 15 септември 1984 се роди Хари, кој во тој момент беше трет во редот за наследство на тронот.

Британските медиуми се потсетија на тој ден откако Хари и Меган ја објавија веста. Леди Ди, која тогаш има 22 години изјави дека и е се едно дали да биде машко или девојче, додека друг весник во тоа време објави фотографија на 20-месечниот Вилијам, додавајќи дека забавата и неволјите би биле поголеми ако е тоа уште еден син.

„Поранешни кралски традиции, астролози и обложувалници сугерираат дека Вилијам ќе добие сестра“, пишуваше тогаш „Дејли мирор“.

Хари и Меган за Валентајн објавија црно-бела фотографија . Тие го добија синот Арчи Харисон на 6 мај 2019, а убавата вест следува неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус.

Share
Scroll to Top