Состојки:
За тесто
- 500 гр брашно
- 2 ванилин шеќери
- 140 мл црвено вино
- 230 мл масло
- 1 пециво
- 50 гр мелени ореви
Дополнителни состојки
- околу 200 гр џем од малини
- шеќер во прав за посипПодготовка:
1. Сувите состојки ги соединуваме, па ги додаваме маслото и виното.
2. Замесуваме компактно тесто и веднаш го расукуваме со дебелина од 5 мм.
3. Сечеме кругови и во половината од круговите сечеме со калапче срце.
4. Ги печеме во рерна на 190 степени со вентилатор, околу 15 минути.
5. Откако ќе се изладат врз круговите ставаме мармалад и ги лепиме со круговите во кои сме издлабиле форма на срце.
6. Ги сервираме и ги посипуваме со шеќер во прав.Забелешка
Пратете ги при печењето да не потемнат, само слабо да ја сменат бојата. И кога ќе ги допрете додека се печат треба сепак да бидат мекички. Кога ќе се изладат ќе се стврднат, а пак кога ќе се спојат со џем и отстојат се совршено меки.

Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Милијардер од САД ја користи крвта на синот за да се подмлади
Кафе во корнет, туристичка атракција за 10 евра во Виена
Дуња за ублажување на кашлица и стомачни проблеми
(Фото) Голманот Игор Алексовски ќе стане татко
„Дајте ми да се слушнам со мојата Оља“: Последната желба на Ѓорѓе Балашевиќ била да се слушне со сопругата
