Почина бразилскиот Хулк бидејќи користел отровни инјекции

Почина бразилскиот Хулк бидејќи користел отровни инјекции

пред 4 години

На 55 години почина Бразилецот Валдир Сегато, кој јавноста го запозна по огромните мускули, објави „Дејли меил“.

dobivaj vesti na viber

За да има големи мускули тој со години користел инјекции со синтол, кои се опасни по живот и покрај предупредувањата на лекарите. Тој истакнал дека негови примери се Арнолд Шварценегер и стрип-јунакот Хулк.

„Постојано ме викаат Хулк, Шварценегер или Хе-Ман и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сакам да бидат уште поголеми“, изјавил тој во едно интервју.

Лекарите пред шест години го предупредиле дека може да се соочи со ампутација или барем оштетување на нервите доколку продолжи да ги користи опасните инјекции, но тој ги игнорирал предупредувањата.

Локалните медиуми објавија дека тој бил пренесен во болница и дека се жалел на отежнато дишење.

Share
Scroll to Top