Режисерот Вилијам Фридкин, најпознат по оскаровскиот филм „Француската врска“ и блокбастерот „Истерувач на ѓаволот“, почина во Лос Анџелес на 87 години.
Веста за неговата смрт ја потврди деканот на Универзитетот Чепмен, Стивен Галовеј, пријател на сопругата на Фридкин, Шери Ленсинг, пренесува „Варајати“.
Неговиот последен филм премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Венеција.