Грчката актерка Ирене Папас почина на 97-годишна возраст. Смртта ја потврдил портпаролот на грчкото Министерство за култура.
Причината за смртта засега е непозната. Во 2018 година беше објавено дека актерката боледува од Алцхајмерова болест.
За време на кариерата која траеше повеќе од 50 години, во која играше улоги на силни жени на филм и во театар, Ирене Папас важеше за симбол на грчката убавина и претставник на медитеранската култура во странство, пренесува грчки Катимерини.
Таа беше најпозната по улогите во филмовите „Зорба Гркот“ (во кој глумеше грчка вдовица каменувана од селаните поради нејзиниот избор на љубовник), „З“ (ја играше вдовицата на ликот на Ив Монт) и „Топовите на Навароне“, како и во „Одисеја“, „Антигона“, „Електра“, „Сутјеска“ и многу други.
Irene #Papas was one of the greatest Greek stage and film actresses. In the Middle East she was loved for her performance in Guns of Navarone and Zorba the Greek, but also as Hind in The Message, and as Mabruka in Lion of the Desert—the story about #Libya‘s Omar al-Mukhtar. (1/2) pic.twitter.com/VLwKxhadaI
— Sohail Nakhooda (@snakhooda) September 14, 2022