Почина една од најдобрите кошаркарки во поранешна Југославија, Жана Лелас

Почина една од најдобрите кошаркарки во поранешна Југославија, Жана Лелас

пред 3 години

Жана Лелас, поранешната југословенска репрезентативка во кошарка, почина во Сплит на 52 години. Таа починала под необјаснети околности, пренесуваат хрватските медиуми.

Лелс кариерата ја почнала во Југопластика на 16 години. Таа беше најмладата кошаркарка во репрезентацијата на Југославија која во 1988 година го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул. Три години подоцна истиот успех со репрезентацијата го повтори на Европското првенство. Со Хрватска два пати настапила на европските првенства.

Во кариерата играла во Шибеник, Јежице, Месина, Стразбур, Сарагоса.

Од 2016 година заедно со својот сопруг ја водеше академијата Жана Лелас во Сплит.

Share
Scroll to Top