Во Прилеп на Божиќ ненадејно почина познатиот македонски моторџија, Ивица Калап. Бројните пријатели со неверување ја примија веста за неговата смрт. Од него се простуваат преку социјалните мрежи, а меѓу нив е и новинарката Каролина Дурло, која напиша дека тагата е преголема, но дека на големи празници умираат само избраните.
Засега не се познати причините за смртта.