Почина хрватскиот пејач и музичар Масимо Савиќ на 60 годишна возраст во Загреб. Тажната вест ја потврди и Aquarius Records.
Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.
Сопругата на Масимо, Ени и ќерката Мирна ја потврдија тажната вест на социјалните мрежи.
„По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твои девојки. Ени и Мирна“, се вели во нивната објава.