На 81 годишна возраст почина македонскиот ракометен тренер, Лефтер Бошковски. Тој беше тренер на македонски екипи и во женскиот и машкиот ракомет. Во својата кариера тој беше тренер на ракометните клубови Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров.
Бошковски беше основач на женскиот ракометен клуб Олимпик, а во последните години беше дел од ракометните академии на Стевче Алушовски и Кире Лазаров.
Бошковски целиот свој живот го посвети на ракометот. Почетоците ги прави во Романија, каде дошол како дете бегалец од Грција.
Фото: evz.ro