Почина светскиот шампион во фрлање ѓуле и поранешен маж на атлетичарката Мерион Џонс

Почина светскиот шампион во фрлање ѓуле и поранешен маж на атлетичарката Мерион Џонс

пред 3 години

Си Џеј Хантер, легендарниот фрлач на ѓуле од САД, почина на 53 години. Причината за смртта за сега останува непозната.

Американскиот спортист во 1999 година стана светски шампион на СП во Севилја, а две години претходно освои бронза. Најдобар резултат во кариерата му беше 21,87 метар.

На Олимпијадата во Атланта беше на 6. место. Си Џеј обезбеди учество на ОИ во 2000 година, но наводно поради повреди се откажал. Потоа било откриено дека бил позитивен на недозволена супстанција и се претпоставува дека лажирал резултати.

Хантер е познат и како поранешен сопруг на атлетската ѕвезда Мерион Џонс. Џонс освои многу медали во спринг и во штафета, но сите ѝ беа одземени во 2007 година кога призна дека користела допинг.

Share
Scroll to Top