Почина хрватската фудбалска легенда Златко Цицо Крањчар

Почина хрватската фудбалска легенда Златко Цицо Крањчар

пред 4 години

Златко Цицо Крањчар, легендарниот хрватски фудбалер и тренер, почина на 65. години. Крањчар починал по кратка и тешка болест, во болницата во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој е роден на 15. ноември 1956 година, а едно време беше и репрезентативец на Југославија. Својата фудбалска кариера ја започна во Динамо Загреб, тим за кој настапуваше десет години. Од 1973 до 1983 година. Го носеше и дресот на виенски Рапид и Санкт Полтен и СВ Винерфилд каде во 1992 година ја заврши кариерата. Со Динамо освои и една титула шампион на Југославија.

Во репрезентацијата на Југославија оствари 11 настапи и постигна три погодоци.

Во тренерската кариера беше селектор на Хрватска од 2004 до 2006 година, а пред 10 години ја водеше и репрезентацијата на Црна Гора. Беше тренер на Динамо Загреб во неколку наврати, а последната работа ја извршуваше како слектор на олимписката селекција на Иран.

Share
Scroll to Top