Викендов во Атина се одржа кралската венчавка на грчкиот принц Филип и неговата избраничка Нина Флор, која ги собра припадниците на сите европски монархии. Ова е прва кралска свадба одржана во Грција после 50 години.
Иако многумина очекуваа дека невестата ќе се одлучи за креација на некој од познатите грчки дизајнери, таа сепак се одлучи за венчавица од модниот бренд „Шанел“ од свилен тафт. И ако беше изработена специјално за неа, сепак беше направена по пример на една од креациите од нивната колекција за Висока мода за престојната сезона есен-зима.
Нејзиниот изглед беше надополнет со вел од свилен тул и наметка со рачно зашиени бисери. Но и дијаматска цветна дијадема од скандинавско кралско потекло, која припаѓа на мајката на принцот Филип, кралицата Ен Мари. Таа ја носела пред венчавката со кралот Константин.
На венчавката присуствуваа принцезата Беатрис со сопругот и нејзината сестра Јужин, претставници од британското кралско семејство, како и останатите претставници од шпанското, данското, шведското кралско семејство.
Принцот Филип е роден во Лондон, а на неговата крштевка кумови биле принцезата Дајана и принцот Вилијам.