Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

пред 3 години

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра 2023 година во Австралија и Нов Зеланд. Македонските фудбалерки ја победија Летонија на гости со резултат 4-1.

Првиот гол за македонската репрезентација го даде Рочи во 9 минута, а на 2-0 зголеми капитенот Наташа Андонова од пенал во 28 минута. Две минути подоцна домаќините намалија на 2-1 со голот на Баличева. Македонските фудбалерки беа подобри и во второто полувреме, па Максути во 51 минута зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Андонова, повторно од пенал.

Во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври (вторник) против Луксембург.

Share
Scroll to Top