Некогашната манекенка Дунавка Трифуновска и поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов се венчаа. Цветанов вчера на својот Фејсбук профил објави интересен статус, во кој бара прошка, што не ја известил јавноста и пријателите, дека на 9. март, се венчале со Дунавка.
“Почитувани пријатели, во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка, ве молам да ми простите што не ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифуновска , во Црковниот Храм Свети Димитрија, склучивме црковен брак. Целокупниот тек на церемонијалните и црковните активности беше усогласен согласно ковид протоколите. Инаку, датумот на венчавката не е случајно одбран, бидејќи се совпаѓа со годишнина од нивната врска“, вели Ване. Тој и Дунавка една година беа во љубовна врска. Летото беа на одмор во Турција од каде постојано објавуваа фотографии.