Пронајдена дрога кај 17 лица на вчерашниот фестивал во Скопје

Пронајдена дрога кај 17 лица на вчерашниот фестивал во Скопје

пред 3 години

Вчеравечер во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, полицијата приведе 17 лица кај кои е пронајдена дрога. Кај приведените се пронајдени таблети, марихуана и бела прашкаста материја, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека приведените лица се на возраст од 18 до 38 години. Кај петнаесет приведените дрогата била пронајдена додека биле внатре во спортскиот центар, а двајца се приведени на паркингот пред Арената. Приведените се од Скопје, Битола, Велес, Штип, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Србија и Косово.

„Во периодот од 22:30 часот на 07.12 до 2:50 часот на 08.12 во Спортски центар ‘Борис Трајковски’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја. На паркинг просторот на Спортски центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top