Путин го носи саатот на десната рака со причина, ова се некои од теориите на заговор

Путин го носи саатот на десната рака со причина, ова се некои од теориите на заговор

пред 4 години

Многумина се прашуваат зошто рускиот претседател Владимир Путин го носи саатот на десната рака, а не на левата, какко повеќето луѓе во светот. Теоретичарите на заговор имаат неколку обајснувања за тоа, а една од нив е поврзана со неговите тренинзи и медитација.

Тие веруваат дека Путин го носи саатот на десната рака затоа што тренира џудо и ја користи древната кинеска медитација фукури. Оваа медитација погодува три важни точки, од кои една е важна за работата на срцето. Ако го стави саатот на левата рака, може да ја блокира.

Други пак сметаат дека Путин е леворак, односно дека со пишувањето со десната рака само го прикрива фактот дека е леворак.

Има и такви кои целата работа ја поврзуваат со амбидекстрија, односно вродена или стекната способност кај некои луѓе поеднакво да ги користат и левата и десната страна од телото, пред сè рацете.

Сепак Путин во едно од своите интервјуа ги негираше сите овие теории. Тој рече дека причината е практична и едноставна.

„Го носам саатот на десната рака затоа што само така не ми смета копчето за навивање. Тоа е единствената причина“, рече Путин.

Share
Scroll to Top