Путин за внуците за кои не сака да зборува во јавност: Не сакам да пораснат како принцови од кралско семејство, туку како нормални луѓе

Путин за внуците за кои не сака да зборува во јавност: Не сакам да пораснат како принцови од кралско семејство, туку како нормални луѓе

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш го криел својот приватен живот од очите на јавноста, па многумина не знаат како неговите ќерки изгледаат денеска. Во 2015 година, на едно од своите маратонски обраќања, вешто го избегна прашањето за нивниот идентитет.

„Живеат во Русија и студираа тука. Горд сум на нив. Течно зборуваат три странски јазици. Никогаш не разговарам за моето семејство. Секоја личност има право на своја судбина и достоинствено да го живее животот“, рече Путин тогаш.

Иако не сакаше да ги открие нивните имиња, медиумите сепак открија неколку детали за нив. Минатата година еден од круговите на американските санкции беше насочен токму кон нив, Марија Воронцова и Катерина Тихонова.

Иако има малку официјални потврди за семејниот живот на Путин, „Би-би-си“ направи портрет од неговите ќерки на основа на документи, медиумски извештаи и повремени јавни признанија. Владимир Путин ги доби во брак со бившата сопруга Људмила.

Ворнцова е академски граѓанин, специјализант по ендокринологија. Коавторка е на книга за застој во растот на децата, а нејзиниото име е на листата научници на Центарот за истражување ендокринологија во Москва. Исто така е и претприемач. Рускиот „Би-би-си“ најде податоци дека е косопственик на компанија која планира да изгради голем медицински центар.

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, таа се има омажено за холандскиот претприемач Јорит Јоста Фасен, кој некогаш работел во руската енергетска компанија „Газпром“, но наводно се имаат разведено, пренесе „стори.хр“.

За разлика од сестра ѝ, Катерина Тихонова повеќе е присутна во јавноста и тоа не само поради занимавање со музика и рокенрол танцувањето, туку и затоа што со нејзиниот партнер го освоија петтото место на меѓународно натпреварување во 2013 година.

Истата година се омажи за Кирил Шамалов, син на долгогодишен пријател на Путин. Се венчаа во ексклузивен скијачки центар во близина на Санкт Петербург. Вработените ангажирани за организација на венчавката раскажаа дека двајцата дошле на санка која ја влечеле три бели кучиња.

Катерина Тихонова е активна во академската и бизнис заедница. Накратко се има појавено на руската државна телевизија во 2018 година, за да зборува за неуротехнологијата, но и на еден бизнис форум во 2021 година. Нејзината поврзаност со Путин тогаш не се споменувала.

Наводно ниту една ќерка не поминува многу време со Путин. Една од нив му има подарено внука, но за тоа многу малку се знае. Рускиот претседател ја спомена во медиумите во 2017 година.

„Што се однесува до моите внуци, една веќе е во градинка. Ве молам да ме сватите, не сакам да пораснат како некои пинцови од кралско семејство. Сакам да пораснат како нормални луѓе“, им рече Путин на новинарите.

 

Share
Scroll to Top